Чест ни е да Ве поканиме на отворањето на изложбата на стриповите „Црно-бели животи", инспирирани од искуства на бегалци, а изработени во рамки на проектот на УНХЦР „Бегалец сега-Човек секогаш", имплементиран од Центарот за човекови права и разрешување конфликти (ЦХРЦР) и Здружението за истражување, образование и развој (Центар РЕД).
Стриповите ги креираа студенти од Факултетот за ликовни уметности и од Катедрата за општа и компаративна книжевност, Филолошки факултет „Блаже Конески" - Скопје.
Целта на стриповите е да ја подигнат свеста за страдањата и правата на бегалците, пред сѐ кај младата публика од 15 до 30 години.
Изложбата ќе биде отворена на 5 октомври 2018 година во 19.30 часот во НУБ „Св. Климент Охридски" – Скопје.
Во истиот простор, следниот ден, на 6 октомври, од 12-14 часот ќе се одржи работилница за стрип, наменета за деца и млади кои сакаат да се запознаат со основните чекори за креирање стрипови.